Foresee: Визуелен идентитет за глобален авторитет
ForeSee е консултантска компанија специјализирана за life sciences competitive intelligence. Со над 15 години искуство, потребата беше јасна: да се развие цврст, модерен и професионален бренд идентитет што ќе ги рефлектира нивната експертиза, доверба и способност за предвидување идни индустриски движења.
Предизвикот
Предизвикот се состоеше од два главни параметри:
- Брендот доаѓа од интелектуален свет – комплексни анализи, конференциско покривање, организациско бенчмаркирање и регулаторна поддршка.
- Требаше да се најде рамнотежа меѓу техничката сериозност и визуелната привлечност за клиенти од глобален карактер.
Имаа силна оперативна машинерија – но не и маркетинг мотор што ќе ја води нивната експанзија.
Решението: Визуелна сила со смисла
За да го позиционираме ForeSee како авторитет во индустријата на life sciences консалтинг, креиравме брендинг што истовремено зрачи со сигурност, иновација и професионалност. Секој елемент е внимателно осмислен за да комуницира вредност уште при првиот контакт.
- Визија и основа на брендот
- Бренд материјали и комуникациски ресурси
- Дигитална подготвеност и социјални медиуми
Визија и основа на брендот
За да го поставиме ForeSee како сериозен и иновативен играч на глобалната сцена, прво ја дефиниравме основата на брендот:
- Името ForeSee го надополнивме со слоган „Forward-looking insights since 2008“ за кредибилитет и историја.
- Дизајниравме лого што симболизира визија и сигурност – спој на моно линии и бранови.
- Создадовме темелна приказна што ги поврзува вредностите со визуелниот идентитет.
Бренд материјали и комуникациски ресурси
За да постигнеме конзистентност и професионалност низ сите точки на контакт:
- Изработивме деталeн брендбук со типографија, палета на бои и насоки за примена.
- Креиравме брошура и визит карти што ги презентираат услугите и вредноста на ForeSee.
- Развивме презентациски темплејт што комуницира сигурност, аналитичност и стратешко размислување.
Дигитална подготвеност и социјални медиуми
За модерен и лесно препознатлив дигитален впечаток:
- Подготвивме визуелни темплејти за социјални медиуми со доследна естетика.
- Креиравме креативи што комуницираат експертиза, женско лидерство и доверба
- Обезбедивме дигитални формати и assets за лесна примена во сите канали (веб, мејл, презентации).
Клучни научени лекции
Работата на ForeSee покажа колку е важно брендирањето да биде повеќе од визуелен изглед – тоа е стратегиска алатка за доверба, препознатливост и раст.
- Кога сите материјали зборуваат со ист визуелен и вербален јазик, брендот станува препознатлив и професионален.
- Дури и во експертски индустрии, јасноста и визуелната елеганција се клучни за разбирање и ангажман.
- Брендбукот ги поставува стандардите и ја осигурува доследноста низ канали и тимови.
- Профилот на основачот и експертизата добиваат уште поголема тежина кога се презентирани преку добро структуриран систем.
LeanBrandz did a great rebranding job for me. Very talented and loved their customer service and flexibility! Would absolutely recommend them and would return for any graphics work in this future
CEO & Owner at ForeSee
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.